Родена на 15.08.1971 година во Скопје. Средно образование завршила во Гимназија Јосип Броз-Тито во Скопје во 1990 година, културолошка насока. На Правниот факултет во Скопје, дипломирала во 1997 година. Во 2000 година е запишана во Именикот на адвокати при АКРМ. Желбата за постојано усовршување и едукација ја остварува преку посета и активно учество на многубројни семинари, работилници и обуки од областа на владеењето на правото, демократијата, човековите права и малолетничката правда, како и обука и стручни семинари од областа на граѓанското право, трговските друштва и заштитата на индустриската сопственост. Поседува Сертификат за Застапник од областа на индустриската сопственост од 2001 година, Сертификат за Медијатор од 2006 година и Сертификат за Инструктор за обука на медијатори од 2009 година.
Како активен член и Делегат во Собранието на Адвокатската комора на Р.Македонија, од 2010 до 2014 година е Претседател на Адвокатската заедница на Скопје 3, Заменик дисциплински обвинител, член на Комисија за прием на поплаки и информации при АКРМ и член на Управниот одбор на Фондација за обука на адвокати, адвокатски стручни соработници и адвокатски приправници.
Во 2012 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Виолета Василева го одбрани магистерскиот труд „Постапките пред Уставниот суд на Република Македонија“ и се стекна со називот Магистер по право од областа на уставното право.
vasileva@delege.com.mk