ДЕ ЛЕГЕ е веќе етаблирано адвокатско друштво кое со своето долгогодишно искуство на професионален план пружа широк спектар на правна помош, консултации и застапување пред сите домашни судски и управни органи, како за домашни така и за странски клиенти. Комуникацијата со клиентите ја остварува на македонски, српски, хрватски, бугарски и англиски јазик, по претходно закажан термин. Во зависност од обемот и сложеноста на случајот, вклучува надворешни експертски соработници.
Како една од водечките адвокатски канцеларии во Република Македонија, на своите клиенти им пружа професионална услуга од областа на:
- Корпоративното работење;
- Заштитата пред судските и управните органи;
- Заштита на индустриската сопственост и авторските права;
- Заштита на основните човекови права;
- Застапување на правни и физички лица пред граѓанскиот, стопанскиот и управниот суд во Република Македонија;
- Изготвување на сите видови договори;
- Регистрирање на трговски друштва и нивни статусни промени;
- Регистрирање на ДДВ, пријавување на странски капитал, отварање на сметки и пријавување на вработени;
- Регистрирање и обнова на трговски марки, индустриски дизајн и патенти;
- Изготвување на правно мислење по конкретно барање на клиенти;
- Толкување на законски и подзаконски акти;
- Правна помош од областа на јавните набавки;
- Правна помош и застапување од областа на работните односи;
- Правна помош од областа на стечајот;
- Изготвување на правна експериза-консалтинг при приватизација и купување;
- Медијација;
- Арбитража.