bul. Kocho Racin br.14, vl.6, st.6
1000 Skopje, R.Macedonia
tel: +389 2 3132-200
fax: +389 2 3225-131
email: contact@delege.com.mk

Ние ги обезбедуваме најдобрите правни услуги , посебно во областа на граѓанско и трговско право.

Настани и вести


ЗА НАС

Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ функционира во правниот систем на Р.Македонија од Септември 2005 година, со уписот во Адвокатската комора на Р.Македонија, согласно Законот за адвокатура, како континуитет на Адвокатската и патент канцеларија на адвокат Снежана Калеска и адвокат Виолета Василева, здружена во 2001 година, следејќи ја професионалната посветеност, визијата и семејната традиција на адвокат Снежана Калеска, започната во 1992 година.

Адвокатите Снежана Калеска-Ванчева и Виолета Василева, како основачи на Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, повеќе од една деценија самоуверено и со истакнат коректен однос целосно им се посветуваат на остварувањето на интересите на своите клиенти.